Монтажни куќи – брзо и лесно до нов дом

Пред нешто повеќе години се сметаше дека во светот од вкупниот број станбени објекти 3% се монтажни куќи. Процентот е и онака висок во однос на минатото, но денес бројката е уште поголема. Сигурно се прашувате зошто е тоа така, а ние денес ќе Ви одговориме на ова прашање.

Покрај неоспорниот квалитет на монтажните куќи, заслугата на порастот на процентот се препишува сѐ повеќе и на добриот маркетинг кој во суштина овозможи пристап на корисниците до релевантни информации на оваа тема, од кои се огледаат и огромните предности. Пред сѐ би ја истакнале економичноста и тоа од сите аспекти. Сигурно една ваква куќа која многу брзо и лесно ќе се претвори во ваш дом, ќе ве чини помалку од класичната градба, но ќе ви заштеди финансиски средства и на долг рок.



Но, да почнеме од почеток: како што сигурно очекувавте, една од најголемите предности на монтажните куќи е брзината на градба. Комплетен дом со внатрешни и надворешни ѕидови кога е во прашање класичната куќа, би добиле за период со сигурност подолг од една година, но овој период монтажните куќи значително го намалуваат. Зависно од квадратурата и сложеноста, овој период варира помеѓу  1 до 2  месеца. Монтажните куќи се произведуваат во затворени хали низ автоматизирани процеси и најважно од се е дека временските неприлики не влијаат на темпото и квалитетот на градбата.



Освен тоа, како што веќе рековме, посакуваниата куќа ке ја добиете и за значително пониска цена во однос на класичните. Тоа е така поради истиот факт – производството се одвива во затворени хали, потрошувачката на материјали и енергија е контролирана, заштетдите се големи, а помал е и отпадот затоа што се употребуваат и рециклирани материјали кои инаку би завршиле како отпад.

Ваквиот избор ќе ве поштеди и од стандардната време и хаос од мајстори. Добро е да се знае дека изведбата е далеку потивка, но и почиста. Причините се многу очигледни. Ке ве израдува и податокот дека постои унифицираност во работната сила или во превод нема да имате потреба да се расправате со различни профили на мајстори што ќе ви заштеди и време и нерви што е уште поважно.



И за крај да се навратиме на она што уште на самиот почеток го начнавме, а сигурно ве заинтригира. Карактеристична за монтажните куќи е и енергетската ефикасност, а тоа кажува дека трошат помаку енергија затоа што се употребуваат најнови и високо квалитетни изолациони материјали при нивната изработка, а се внимава и на спојот помеѓу ѕидовите и подовите, се вградуваат ПВЦ и алуминиумска столарија која овозможува голема топлотна и звучна изолација. Па, што велите на нов дома за само 30 дена? Звучи примамливо, нели?

Месечен Билтен
Добиватеј ги сите новости и промоции во вашиот емаил.

По зачленување проверете го вашиот емаил за потврда.