Австралискиот тим на архитекти наречени Децибел започнаа со изградба на шангајскиот иновативен деловен објект, кои во себе ќе ги содржи најновите технолошки пристапи. Архитектонското биро Децибел (dB(A), атеље Тен, Ландлиф и Фабрик Фрст работеа заедно за да го изработат првиот Нула+ проект (SCGZero+).
После две години подготовки, анализи и преговори, репрезентативниот објект СЦГНула+ официјално започна со изградба на 6 јануари 2021 година и ќе биде највисоко рангиран на листата на пасивни објекти, како и првиот „5Нула“ објект во Кина – нула јаглерод, нула енергија, нула отпад, нула вода и нула формалдехид.
Консултантскиот тим, со седиште во Мелбурн и Шангај, е сигурен дека СЦГНула+ е на пат да има светски највисок статус на одржливост и да и помогнат на Кина, како и на светот, да ја победи трката за нула отпад.
Технологијата која се користи во овој објект е приказ на иновативни, преносливи технологии кои го водат патот кон промена и подобрување на правилата за тоа како се градат самоодржливите објекти. Клуч на сѐ ова е еколошкото размислување кое не е само во правец на намалување на енергијата и трошоците, туку во интеграцијата на симбиотички системи кои природата ги усовршила преку милијарди години.
Објектот е составен од префабрикувани конструктивни елементи создадени од иновативни и експериментални материјали. Дополнително, на кровната партија како и на дел од фасадите е предвидено да има соларни панели, како и водени системи кои првпат се имплементираат во објекти од овој тип, кои ја собираат дождовницата и со тоа ги опслужуваат дел од потребите на објектот за вода.
Конструкцијата е создадена од рециклирано железо и бетон со ниско ниво на јаглерод. Во објектот е предвидено да се постави голем број на внатрешно зеленило и деноноќно осветлување на истото, со цел побрз раст и побрзо прочистување на воздухот. Исто така во склоп на објектот ќе има интегрирани патеки за трчање, спортска сала, јога студио, дневен престој за деца.
СЦГНула+ претставува нов тип на објекти, со напредна технологија и позитивно гледање на иднината, а преку овој објект архитектите се надеваат дека ќе го променат начинот на кој се проектираат зградите, како во Кина така и во светот.
Фотографиите се преземени од dB(A)))