Практични опции за повеќе простор за складирање

Не секој има доволно простор за модерните гардеробери популарно наречени walk in, повеќето од нас очајно бараат простор за да ги складираат новиот пар чевли новите фустани, одела или палта. Еве неколку мали практични опции за простор за вашата облека што ќе ви помогнат да ја одржите просторијата чиста и да добиете комотно место за складирање.

Подигнатиот кревет може да го скрие вашиот плакар под себе, па дури и класичниот кревет може да скрие некои работи.



Ѕидните закачалки обезбедуваат место за складирање на разни предмети и додатоци – можете да ги закачите во вашата спална соба или просторија за перење.

Подвижните врати на плакарот исто така даваат дополнителен простор. Добра опција се и отворените кабинети со полици кои сега се навистина жежок тренд, Тие се неверојатни за мали простори затоа што изгледаат транспарентно и не се гломазни, дури може да се каже и дека ја прават облеката и чевлите да бидат дел од декорот. Но внимавајте, во ваквиот плакар мора да го одржувате редот на највисоко ниво постојано и немате опција во него да ставите се што сакате да сокриете.



Бидете креативни во врска со ваквите единиции ќе добиете навистина практично решение за се што сакате да сместите во просторот, а тоа да биде недостапно за сите погледи. Една од идеите е на пример, да вградите неколку фиоки за складирање во скалите – ова е одлична идеја да го извлечете максимумот од вашиот простор.


Месечен Билтен
Добиватеј ги сите новости и промоции во вашиот емаил.

По зачленување проверете го вашиот емаил за потврда.