Мало претсобје со стил

Како да се организира мал простор а притоа да се исполнат сите функционални барања што му се потребни?

Веројатно секојдневно се прашувате, а можеби често ви создава и нервози ова прашање, како да вклопите сè што ви треба во претсобјето, прсторија што е многу мала но истовремено е и е многу важен простор каде редовно ќе ги складирате своите заеднички работи, како и чевли и облека. Простор кој ќе го даде првиот збор за вашиот дом!



Потребно ќе биде модерно и функционално решение за опремување и најдобро е да си обезбедите подвижни парчиња мебел чиј распоред ќе бидете во можност да го менувате, а истовремено секое од нив да биде и мултифункционално и  во сите големини. На пазарот веќе постојат и готови вакви елементи а бидејќи станува збор за сериско производство нема да ви треба огромна сума на пари за да го уредите овој дел од домот. На пазарот веќе ги има ваквите модели и во различни дезени, а помеѓу најпопуларните периодов се  во бетонскиот декор и во сивиот даб декор, што ќе го олесни вклопувањето со другиот мебел во вашиот дом.



Не заборавајте во овој дел од домот да оставите простор и за огледало. Огледалото визуелно ќе го продлабочи и прошири просторот, и сигурно ќе биде многу корисно за да ја поправите вашата шминка пред да ја напуштите куќата.

Простор најмногу во овој дел ќе ви биде потребно за складирање на чевли, а  ќе заштедите ако можеби тој биде заедно со тапациран простор за седење. Вака ќе изглреда едноставно, непрепнатрупано и модерно.

Правилниот начин на уредување на секој простор па и во претсобјето ќе ви го олесни животот , а стилскиот дизајн ќе ви овозможи уште на прв поглед на гостите да им дадете на знаење дека имате префинет вкус и се грижите за секој детал.


Месечен Билтен
Добиватеј ги сите новости и промоции во вашиот емаил.

По зачленување проверете го вашиот емаил за потврда.