Удобност и практичност во само 18м2

Овој стан можеби не е најубавиот стан што некогаш сте го виделе, но сигурно ќе ве инспирира со веселиот амбиент и функционалност постигната на само 18 квадратни метри.

Декориран е во модерен стил. Белата е избрана да доминира во ентериерот. Оваа боја докажано прави малиот стан да изгледа визуелно поголем, попростран, носи светлина и го прави удобен простор за живеење.

Иако станува збор за минијатурна површина, малиот стан содржи сè што ви треба за удобен живот, а неколку креативни решенија се користени во дизајнот на ентериер. Една од нив е флексибилна дневна соба со просторија за спиење.



Со само еден удар, преклопувајќи го креветот, оваа соба станува место за дневни активности. Во ходникот има голем плакар, кој совршено го компензира недостатокот на простор за складирање.

Малата дневна соба и кујната се поврзани во една единица. Полицата над креветот служи како држач на ТВ и полица за книги.

Весели розови тонови, слатки детали и свеж декор носат живост и спокојство во овој исклучително  мал дом.


Месечен Билтен
Добиватеј ги сите новости и промоции во вашиот емаил.

По зачленување проверете го вашиот емаил за потврда.