Во домот на данскиот архитект Дејвид Тулструп

Минималистичка утопија во Копенхаген

Овој стан од 1.500 метри квадратн е сместен на последниот кат во од 20-тите години на 20 век во Амагер, островска населба која била за работничката класа, а сега претворена во хипстерски рај. Овој дом инспирира пријатност, едноставност и суптилност – во стилот на Тулструп кој можеме да го видиме во останатите негови проекти како низ Копенхаген, како што е ресторанот Noma, бутик престојувалиштата Vipp Chimney House и првата предводничка продавница за модниот дизајнер Марк Кени Домино Тан.

Порано овој стан бил поделен на повеќе мали соби, но архитектот одлучил да го реконструира во стан со отворен концепт. Јасно се забележува и отсуството на украси, кои истовремено се визуелен здив од постојано менувачката палета во неговиот професионален живот. Иако сака да работи со различни материјали, архитектот одлучил во својот дом да преовладува минимализмот и едноставноста.

Месечен Билтен
Добиватеј ги сите новости и промоции во вашиот емаил.

По зачленување проверете го вашиот емаил за потврда.