Цветови во ентериерот

Употребата на цветените принтови денес е широко распространета во ентериерите, како во старите  така и во модерните. Иако на прв поглед изгледаат комплицирани , кога ке ги совладате овие основни правила, сосема е сигурно дека ќе уживате уште повеќе во цветните дезени и ке “се осмелите” да ги примените во вашиот дом.

Целокупниот изглед на моделот, а со тоа и на карактерот и изгледот на просторот во кој се користи, во голема мера зависи од големината и густината на претставениот мотив. Со уредување на големи мотиви ќе добиете впечатлив модерен изглед на ентериерот. Спротивно на тоа, моделите со мали и густо компонирани мотиви ќе имаат романтичен карактер.



Ако одлучите да користите дизајн со цветови на мебел во вашиот дом, земете го во предвид начинот на кој тој е обликуван. Во согласност со доминантното парче мебел со цветен дизајн може да има друг мебел, но во затемнети бои, така што просторот нема да биде шарен и пренатрупан. Со оглед на бојата на самиот дизајн , погрижете се за употребата на други бои во внатрешноста. Единствените бои кои се препорачуваат се оние кои се на самиот дизајн на цветовите, бидејќи само на тој начин секој елемент од внатрешноста соодветно ќе се совпаѓа.



Цветовите се вклопуваат совршено во секој стил, само треба да научите како  и до кој степен да ги примените. Ако сте обожавател на скандинавскиот стил и целосно го прилагодите вашиот животен простор на овој стил, искористете го и при изборот на соодветен цветен дезен. Цветовите со нежни, лесни, пастелни тонови, па дури и целосно бели, совршено ќе се вклопат во вашиот скандинавски ентериер. Најдете заедничка палета на бои и на овој начин поврзете цветни мотиви со стилски израз во вашиот дом.


Месечен Билтен
Добиватеј ги сите новости и промоции во вашиот емаил.

По зачленување проверете го вашиот емаил за потврда.