Шеврон – тренди начин на поставување на паркетен под

Дали некогаш сте помислиле дека начинот на поставување паркет на подовите може многу да влијае на крајниот впечаток во вашиот дом? Може да го направи поелегантно или потопло место за живеење, но и сосема да го промени целокупниот изглед на која и да е просторија во него. Доколку сте посветиле внимание сигурно сте се запознале со повеќе различни видови на поставување, па меѓу нив и шевронот како еден од најголемите трендови, а воедно и незаменлива класика кога се паркетните подови во прашање. За начинте на поставување и на каков ентериер се прилагодени тие, но и конкретно за карактеристиките на Шеврон зборувавме со нашите стручни соработници од Лав Комерц.

Стручниот тим на Лав Комерц во разговорот со екипата на Квадрат вели дека редењето паркет во шеврон е многу честа појава. Може да биде класична рибина коска, двојна т.н. Француски шеврон, што е многу честа појава последните неколку години. Поставувањето паркет во ваква шема се нарекува и шеврон. Во овој случај паркетните плочки  се сечат на 45 степени.

Како и да го поставите паркетот, треба да знаете дека ќе имате отпад. Затоа, паркетот секогаш треба да се купува повеќе од бројот на квадрати што треба да се покријат. Во зависност од тоа како ги редите, количината на отпад исто така варира.



Кој начин на поставување паркет ќе го одберете во голема мера зависи од големината на просторијата во која ги поставувате подовите. Имено, класичниот начин на редење по ред е посоодветен за помали простори. Шеврон, без разлика дали е класична или француска форма, се препорачува во поголеми простории, како што се отворени дневни соби и трпезарии, затоа што тогаш овој начин на редење ќе дојде до израз. На мали простори може да биде до некаде и незабележително.


Месечен Билтен
Добиватеј ги сите новости и промоции во вашиот емаил.

По зачленување проверете го вашиот емаил за потврда.