Дизајнирано од виртуозот на Ив Бехар, Форме е иновативно огледало кое е совршено за тренинг во домот и има повеќе функционалности. Односно, покрај помошник за вежбање, односно “личен тренер” во деловите од денот кога не вежбате сепак може да ви послужи како огледало.
Целта зад оваа креација е иновација на уред за вежбање кој ќе се вклопува во остатокот од ентериерот во домот и нема да одвлекува внимание. Но, оваа машината оживува и рачките, кои претходно беа скриени зад огледалото, се извлекуваат за анаеробни вежби. Исто така, доколку сакате да имате тренер за време на вашиот тренинг, овој уред нуди опција за на интерактивниот дисплеј да се појави инструктор кој ви помага и ви дава насоки при вежбањето.