Геометрија во просторот

Овој стан преставуваше несекојдневно доживување за нашиот тим. Дизајнот на целиот простор е инспириран од инвеститорката којашто се импресионира од сѐ што е асиметрично и со неправилна форма. Целата приказна започна од аспираторот кој што беше редок тип на модел на нашиот пазар во 2018 година. Околу него приказната на необични детали продолжува со ромбоидни ѕидни плочки во кујна за кои што бевме во посета на фабриката Мутина во Италија со увозникот Конструкта за Македонија. Да напоменеме дека заедно со инвеститорката ги поставивме на под за да ги залепи плочкарот една по една според нашата шема. Во трпезаријата пак, на ѕидот од двете страни на просорот се поставени ѕидни амбиентални светла со неправилна форма а од ист материјал и бренд. Комодата кај влезот е со функција за оставање предмети како и за покривање на фенкојлерот за греење. Над неа е поставено огледало со жолти реси од едната страна.



Бањата е облепена цела со плочки во форма на хексагони, а е во повеќе нијанси на сива боја меѓу кои се провлекува по некоја со пепито принт.

Елена Мартиновска · Metatet

Во спалната е изработен принт врз вратите на гардероберот, а врз надглавникот од креветот има ѕидно светло врз кое sе аплицираат букви кадешто ние направивме слоган како порака до сите инвеститори: Give me time to design. Оваа порака не се однесува на овој проект конкретно, само ја искористивме можноста да пренесеме порака.
Подот исто така е редок тип на модел, односно секое парче е со криви страни и личи како рачно изработен. Користени се материјали како метал, медијапан и масивно дрво.  

Елена Мартиновска · Metatet

Месечен Билтен
Добиватеј ги сите новости и промоции во вашиот емаил.

По зачленување проверете го вашиот емаил за потврда.