Индустриски стил – доза уметност во просторот

Да се оживее она што навидум изгледа како да го одживеално својот животен век е веќе некое време еден од најголемите трендови во светот на дизајнот, од допирот на рустиката па се до индустриски детали. Ѕидови од цигла, челични столбови, дрво… делува како опис на напуштен магацин, но со правилна комбинација и добра организација може да се претвори во дом со неверојатно топла атмосфера. Ние денес ќе се обидеме да ви помогнеме најдобро што можете да го постигнете тој ефект!

Во последните децении во светот се повеќе се зголемуваше производството на мебел во индустриски стил. Се повеќе сме сведоци на парчиња мебел кои содржат метал, дрво, челик, железо. Всушност уметноста да се опреми простор во индустриски стил е комбинацијата на ретро и модерни елементи на парчињата мебел. Кога станува збор за изборот на клучниот елемент од собите за дневен престој, седечките гарнитури, со сигурност може да кажеме дека најпопуларен избор на оние кои уредуваат во индустриски стил се оние избработени од кожа. Генерално, може да се каже дека индустрискиот стил преферира парчиња мебел изработени од природни материјали.



Важен дел во индустрискиот стил на уредување на ентериери игра и светлината, па согласно ова, наш совет е да обрнете особено внимание на изборот на расветни тела и на нивното позиционирање во просторот. Ретро ламби, најчесто метални, висечки ламби, голи сијалици е само дел од она што е најактуелно веќе со годни наназад и во светот но исто така и кај нас. Секако важни се и декорациите кои во овој случај се тука да му дадат и уметничка душа на просторот. Графити, симболи, уметнички слики, стари музички инструменти или било што што има поврзаност со вашиот карактер и животен стил е добредојдена декорација во просторот во кој доминира индустрискиот стил. Важен дел од оваа приказна имаат и боите.



Дефинитивно може да кажеме дека во индустрискиот стил доминантни се темните бои и грубите материјали. Што повеќе природно, несовршено совршен изглед, дури и по малку студено се клучните карактеристики на мебелот во индустриски стил. Сепак, мора да се напомене и дека вљубениците во индустриски стил речиси е сигурно дека во својот простор ќе сакаат да внесат исклучително квалитетни парчиња мебел и тоа е всушност она што го прави ваквиот простор она што е. Маси од квалитетно дрво, керамика, метални ногари, кожни елементи, табуретки, специфични додатоци како фотељи или помошни елементи е она го прави карактеристичен овој стил.


Месечен Билтен
Добиватеј ги сите новости и промоции во вашиот емаил.

По зачленување проверете го вашиот емаил за потврда.