Детската соба е волшебно кралство во кое апсолутно се е возможно, место каде се создаваат инспирирани уметнички дела и место каде се ослободува имагинацијата, па не е ни чудо што нејзината декорација ги буди авантуристите во Вашите деца но и во Вас.
Навистина е предизвик да се организира соба за мало дете за да им се обезбеди простор каде што ќе можат да се забавуваат, не заборавајќи ги елементите неопходни за безбедна и практична просторија што подоцна може да се менува како што растат децата или ако имаат други потреби. Затоа низ разговорот со нашите стручни соработници од all4home подготвивме список на корисни идеи и совети кои ќе ве водат во оваа мисија, која е подеднакво возбудлива и сериозна.
„Кога го бирате мебелот за детската соба без разлика на возраста на детето, јас би рекла – Безбедноста е на прво место! Детската соба има потреба од природна светлина, извор на свеж воздух, добро греење и удобен мебел со заоблени агли. Дури и ако детето е сè уште бебе и не започнало да ја истражува просторијата, таа мора да биде безбедна, без оглед на неговите први авантури.“ – велат од all4home.
Кон ова додаваме и дека треба да инсталирате безбедносни системи за приклучоци, кревети, врати и прозорци, а ако мебелот нема заоблени агли, ќе инсталирате заштити за неговите рабови и агли. Добро внимавајте на подот: ако е премногу лизгав, користете лепливи ленти против лизгање и доколку изберете килим, проверете дали не се лизга. Температурата во детската соба мора да се чува во која било сезона од 20 до 22 степени. Важно е да се избегне и прегревање на детето во собата. Интензивните вештачки извори на светлина или повеќе вештачки извори на светлина немаат место во оваа просторија, доволно е да имате само едно главно осветлување и една столна ламба. Втора важна точка е удобноста, а ова пред се се однесува на мебелот кој ќе го одберете.
„Прво, креветот треба да биде цврст, со метална или цврста дрвена рамка, за да се справи со енергијата на детето, и издржлив и квалитетен душек. Во зависност од просторот, можете да изберете единечен кревет, кревет на кат или кревет со вградена маса.“ – дознаваме од нашите стручни соработници.
Кога ќе стигнете до палетата на бои, може да бидете во искушение да го прашате вашето дете каква боја сака на sидовите на неговата соба, и тоа е во ред. Но, ако тоа посака јако розова или зелена боја тогаш не е добра идеја да ги обоите сите четири sида во неговата омилена боја, затоа што на тој начин многу допринесувате и во создавање на атмосферата во просторијата.