Мал простор не мора да значи дисфункционален простор. Можете да направите ваш вистински мал рај со паметна организација на просторот и искористување на неговите недостатоци.
Пред сѐ отстранете ги сите непотребни предмети од кујната!
Честопати сме склони да собираме и акумулираме нешто што е или ќе биде “потребно” за нас еден ден, но во повеќето случаи тоа не се случува во реалноста.
Следен ческор е да научите како да ги користите аглите и косините во кујната. Најпроблематичните делови од кујната се секако агли, кои во повеќето случаи не се користат или нивното користење е многу непрактично. Денес, постојат многу интересни решенија на пазарот кои на многу практичен начин го решаваат проблемот на аголни кујнски елементи.
Ако површината е во основа проблем, можеби ќе можете да го решите на некој друг начин. Организирајте високи кујнски елементи до таванот – употребувајте ги полиците што не се лесно достапни за складирање на садови и апарати кои не ги користите на дневна основа, додека на полиците што се блиску до вас може да чувате сè што ви треба за секојдневна употреба.