Дневната соба е просторот во кој престојуваме најголем дел од времето, а централното место во неа го зазема гарнитурата за седење …
Освен фактот дека е важно да биде прилагодена и на просторот и на потребите на домаќинството, како и да одговара на стилот во кој е уреден останатиот дел од домот, потребно е да се обезбеди максимална удобност. Таму поминуваме многу слободно време: седиме, лежиме, гледаме телевизија, па производителите се обидуваат да го направат што е можно поудобно, со помош на разни додатоци.




Современите гарнитури имаат дури и потпирачи за нозе и потпирачи за глава што можат да се извлечат, подигнат или спуштаат по потреба. Потпирачите за грб се опремени со додатоци кои ги заменуваат перниците и на тој начин овозможуваат правилно држење на телото додека седите. На потпирачите за грб се поставени дрвени навлаки, кои можат да се користат за чување пијалоци, далечински управувач и други ситници кои сакате да ви бидат на дофат. Некои луксузни варијанти имаат вградени масажери за грб, како и можност седиштата на гарнитурата индивидуално да ги менуваат позициите според желбите и потребите на корисникот …








Повеќе на оваа тема во новиот КВАДРАТ: каков материјал, каква боја да одберете, кои прашања се пресудни при изборот на соодветна седечка гарнитура во Вашиот дом…
Одговорот го имаат нашите стручни соработници од all4home оваа недела во 11:30 на АЛФА ТВ!