Open space концепт – вистински хит последните години

Кога станува збор за уредувањето на домот, но и за работните простории, една од најважните пресвртници од крајот на 20тиот век беше појавата на концептот наречен open space или во превод отворен простор.

Современиот начин на живот речиви доведе до унинување на границите помеѓу приватниот и јавниот, станбениот и работниот простор, отвореното и затвореното. Преку отклонувањето на овие граници станбениот простор стана место каде се спојуваат просторот за живот, работа, дружење и слободни активности.



Сигурно се прашувате: Што всушност значи концептот на отворен простор? Open space е содржински и функционално комплексен простор кој идеално се вклопува во модерните трендови и начинот на живот. Употребата на овој концепт обезбедува флексибилност на ентериерот и мебелот кој во него се наоѓа. Со цел ваквиот простор да ги исполни своите задачи, од исклучителна важност е да се направат складни сите негови функвции и естетски компоненти. Функционалноста првенствено се однесува на правилниот распоред на елементите внатре во одредени сегменти на просторот – соба за дневен престор, трпезарија, кујна, работен простор, како и на правилен одност помеѓу самите нив.



Денес, модерните трендови во начинот на живеењето бараат и нов начин на осмислување на просторот. За да можете истовремено да уживате и во подготвувањето  храна и да поминувате време со саканите, ви предлагаме доколку тоа е можно да ги поврзете кујната со собата за дневен престој во една единствена, флуидна целина. Најефикасен начин да го направите тоа е со употреба на шанк, но сепак бидете внимателни и посебно внимание обрнете на тоа овој елемент естетски да го вклопите во двете засебни целини. Шанкот истовремено може да биде и доста практичен затоа што сигурно ќе го користите и како работна површина но и како место за јадење набрзина.


Месечен Билтен
Добиватеј ги сите новости и промоции во вашиот емаил.

По зачленување проверете го вашиот емаил за потврда.