Полица за книги

Полицата за книги е важен дел од организација на просторот, но и важен дел од организацијата на вашето секојдневие

Полиците за книги освен што се декоративен дел од просторот, тие може да станат и најфункционалниот елемент.

Во зависност од тоа како ќе ги уредите полиците за книги, во кој дел од домот ќе ја позиционирате и за која намена ги користите книгите, вашата полица може да ја направите функционална.

Во продложение ви нудиме решенија каде да ја позиционирате и како да ја уредите вашата полица:

  • Колекционерска полица за книги

Ако сте колекционер на книги, тогаш местото на вашата полица е во дневната соба. Таа треба да биде на видно и ударно место, бидејќи намената на полицата е да ја репрезентира вашата пасија кон книгите и да ве претстави како личност.

Колекционерските полици за книги треба да бидат изработени во различни форми, да бидат мали и да го привлекуваат вниманието на гледачот.

Колекционерската полица за книги го збогатува диверзитетот во изгледот на просторот и има орнаментална примена во поглед на организација на просторот.

Но ако на колекционерската полица за книги ги наредите сите книги што сте ги собрале според некој настан, година или посета на некоја светска книжарница тогаш тие за вас ќе имаат и функционална вредност – ќе ги организираат вашите спомени на кои реферираат книгите.

  • Работна полица за книги

Ако книгите се дел од вашата работа и секојдневно ги употребувате за цитати или наведување на референци (научно-истражувачка работа) тогаш полицата треба да ја сместите во вашата работна соба или близу до вашето работно биро.

Од големо значење е книгите да ги уредите според азбучен ред, категорија (жанр) или јазик на кои се напишани, како би можеле полесно да дојдете до податокот што го пребарувате.

Работните полиците треба да поголеми и да бидат едноставно изработени во форма на правоаголник поделен на неколку внатрешни основи.

Полиците немаат декоративна намена, па поради тоа најзначајно е да изработите полица што може да ви ги собере сите книги и да ви овозможи уредна организација на истите.

  • Полица со книги за забава

Ако читате книги заради забава, тогаш местото на вашата полица за книги е во собата за играње (play room) или спалната соба.

Полицата за книги од забавен карактер треба да е мала и без специфичен изглед, бидејќи нејзината примена не е да го декорира просторот, ниту да ги собере сите книги што ви се потребни, туку е еден вид на површина каде што ги одложувате книгите откако ќе ги прочитате.

Луѓето кои читаат книги за забава, ретко ги препрочитуваат и чуваат, па на полицата секогаш се наоѓаат различни и мал број на книги.

Месечен Билтен
Добиватеј ги сите новости и промоции во вашиот емаил.

По зачленување проверете го вашиот емаил за потврда.