Ресторанот Минт се наоѓа на најатрактивната локација во Крива Паланка, непосредно до стариот плоштад и градскиот парк. Се простира на три страни на коишто поставивме стаклена фасада со лизгачки вертикален систем на по три полиња со модерни антрацитни профили.

Главниот акцент е на подот којшто е осмислен со гранитни плочки на линии со коишто е нагласена фреквенцијата на движење од главниот влез кон ресторанскиот дел за седење. Ѕидовите при влезот се со ѕидна обработка во антрацитна боја врз која е поставено логото на ресторанот на перфориран лим со метални дистанцери.


Шанкот е поставен централно и е отворен од три страни исто како целиот објект. Пред него има висок плафон на кој е пресликан подот со боја.


На двата агли од објектот има шанкови со најдобриот поглед од локалот. Долж целиот објект покрај стаклениот дел се поставени масите предвидени за семејни оброци од плотни од масивно дрво на метални ногари. Столиците се удобни и со неколку тонови на сива боја како и нијанса на сина како пантон за 2020 година.

Во средниот дел од ресторанот има еден сектор кој е различен од цел простор, составен од удобна гарнитура за седење како и неколку различни фотељи поставени врз шарен тепих.
Во левиот дел од просторот има поставено сепаре во сина боја и пред него три маси. На ѕидот зад сепарето има тапет со флорален мотив.
Тоалетите се предвидени да бидат со подни плочки во геометриски форми. Во женските кабините во розева боја, а во машките во зелена. Претпросторот за миење раце има виткан неон со текст „Be awesome today”.
