Неговата улога може да се каже дека е двојна: да поврзува, а воедно и да ги раздвојува двете засебни простории. Шанк или кујнски остров – што би одбрале Вие?
Во зависност од големината на просторот се одредува и големината на шанкот или кујнскиот остров, неговата форма како и позицијата. Во просториите со големи квадратури можностите се бројни: можете да си поиграте со големината, со неговата форма, со дизајнот и функционалноста. Со интересен и оригинален дизајн можете дури и од него да направите централен елемент на просторот, па неговата функција да ја проширите од функционална и на естетска. Може да се каже дека ваквите шанкови се еден вид скулптура на самиот простор од естетски аспект. Заоблените шанкови изгледаат привлечно во ентериерот, а со таков епитет може да се пофалат и оние во форма на латинската буква Л каде едниот дел може да се употребува како работна површина, а другиот како дел за седење, јадење, пиење кафе…
Ние направивме секелција од неколку идеи кои можеби ќе се вклопат во Вашиот вкус и простор:









