Столна или подна ламба

Подните ламби може да бидат главен извор на осветлување во простории кои немаат потреба од голема светлост

Ламбите се дел од амбиенталното осветлување во просторот. Во ретки ситуации тие може да бидат и главен извор на светлина, особено во спалната соба.

Најчесто се поставуваат столни ламби како дополнително осветлување на просторот и декоративен елемент.

Подната ламба, пак, има зголемени осветлувачки капацитети и таа може да служи како главен извор на светлина во просторот.

Столна ламба

Столна ламба, како што самото име укажува, се поставува на повисока површина, како што е работната маса или мини орманче покрај креветот од спалната соба.

Столната ламба ви дава минимално и насочено светло на мала површина, доволно за читање на книга, пишување или снаоѓање во просторот.

Таа се поставува и како декоративен елемент и освен за примарната намена, има функција да го разубави просторот.

Столните ламби обично се произведуваат во мали димензии и се составени од абожур, постоље и сијалица (разична моќност).

Подна ламба

Подната ламба се сместува на подот и таа има постоље кое е високо од 2 до 3 метри. Подните ламби осветлуваат поголема површина и може да се користат како главен извор на светлина, особено во соби во кои нема потреба од голема осветленост.

Подните ламби особено се сместуваат во спалната соба, а во зависност од потребата од светлина се поставува најмалку една, но може да бидат поставени и неколку подни ламби во различни агли или во близина на креветот за спиење.

Тие може да се дел и од просторот за дневен престој, но тогаш обично се комбинираат со уште неколку главни извори на светлина и се користат како амбиентално светло.

Месечен Билтен
Добиватеј ги сите новости и промоции во вашиот емаил.

По зачленување проверете го вашиот емаил за потврда.