Black and white decor of cozy spacious lounge

Уредете во скандинавски стил

Уште во 20тиот век, врвни дизајнери на ентериери од Скандинавките земји го свртеа вниманието кон едноставноста, чистите форми и неодоливата елеганција. И тоа беа почетоците на т.н. скандинавски стил на уредување на просторот кој денес се повеќе ги освојува симпатиите.

Едноставно се комбинира затоа што негови основни карактеристики се светлоста и едноставноста, па сосема е очекувано дека на таа беспрекорна чистота и белина може да се додаде буквално се и совршено да се вклопи. Инспирирани од поставеноста на земјата, светлоста и се што е прородно игра значајна улога во овој уредувачки стил, па тоа се однесува и на материјалите од кои е изработен мебелот кој во вака уредените простори се внесува.



Во скандинавски уредениот простор немојте да претерувате ниту со декорацијата, всушност, најдобро е да ги сведете на минимум, а и тие малку внимателно да ги вклопите во скандинавската едноставност.

Белата боја е една од основните карактеристики на скандинавскиот стил и се употребуба на апсолутно се па и на мебелот и тоа затоа што ова е боја која најмногу рефлектира светлина. Дополнително за оние кои сакаат малку да додадат боја, дозволени се и сиви и беж тонови, а низ детаљите се внесува и црната боја со цел да се оствари контраст во просторот.



Во поглед на материјалите, може да се каже дека во фокусот на скандинавскиот стил се природните материјали и секако – светлите бои. Неизоставен дела се теписите кои исто така треба да бидат со скад со природата. Цвеќето и свеќите исто така се често присутни во скандинавски уредените простори, а нивна главна цел да да го направат просторот пријатно место за живеење.



Чист, едноставен, светол, а истовремено удобен, пријатен и елегантен простор… Квалитетни природни материјали, ергономија, естетика која ја следи функционалноста, дизајн во склад со прородата… Зарем ова не звучи како совршено место за живеење?

Месечен Билтен
Добиватеј ги сите новости и промоции во вашиот емаил.

По зачленување проверете го вашиот емаил за потврда.