Наноматеријалите и нивната примена во ентериерот

Наноматеријалите имаат широка лепеза на можности за примена во ентериерот и нудат голем број на придобивки

Наноматеријалите се производ на нанотехнологијата. Нанотехнологијата обично се занимава со конструирање на структури кои имаат големина до околу 100 нанометри во една насока, и со развојот на материјали и уреди на таа големина. 

Еден нанометар (nm) е милијардити дел од метарот, или 10^-9 од метарот.

Нанотехнологијата почнува да се применува во 2008 година, особено во комерцијални и медицински области.

Наноматеријалите се соединенија во цврста агрегатна состојба (најчесто) кои имаат уникатни особини што произлегуваат од нивните нанодимензии.

Наноматеријалите може да бидат синтетички производи кои вклучуваат додавање на наночестички во материјали кои се инаку екстрахирани од други предмети.

Во однос на уредувањето на домот, примена на наноматеријалите е возможна за ткаенини кои најчесто се наоѓаат во нашите домови како што се завесите, прекривките на софата во дневната или перничињата за столчиња.

Наноматеријалите во овој случај може да користат унаредена формула која се добива со помош на додавање на наночестички од метали кои не се плодно тло за размножување на паразити.

Знаеме дека завесите, прекривките и ткаенините воопшто собираат најмногу прашина и во нив се размножуваат голем број на микроорганизми кои се штетни по здравјето на човекот.

Ткаенините кои се збогатени со наночестички од метали, може да го спречат задржувањето на микроорганизмите на тоа тло и да обезбедат поголема хигиена на просторот и подобар квалитет на воздух.

Месечен Билтен
Добиватеј ги сите новости и промоции во вашиот емаил.

По зачленување проверете го вашиот емаил за потврда.