Сезонска компатибилност во застапување на бои на мали површини

Од психолошки аспект, важно е да се создаде компатибилност помеѓу боите од природното опкружување што се детерминирани од годишните времиња и боите што доминараат на површините од предметите во домот

Секоја сезона ја обележуваме со различна боја. Годишните времиња предизвикуваат поголема застапеност на некои бои во природата на сметка на исчезнување на други.

Од голема важност е да се ускладат боите на сезоната, со боите кои преовладуваат во вашиот дом.

Научна перспектива

Од научна перспектива, човекот не треба да менува средини нагло и постојано, бидејќи организмот стекнува навики кои се поврзани со просторот и неговото уредување.

Ако надвор од вашиот дом преовладува зелена боја (пролет), а со влегување во вашиот дом вашето сетило за вид е изложено на доминацијата од друга боја, постои голем ризик за подвојување на реалното и имагинарното.

Услов да не се чувствувате како да сте во имагинариум дома, е да направите мала интервенција во распоредот и застапеноста на боите кои ви се „пред око“.

Бои на површини кои може да ги менувате

Секако дека секоја сезона нема да го менувате мебелот во вашиот дом, или работите кои се погабаритни. Но ефектот може да се постигне и со помош на малите површини – како вазните, перничињата или завесите.

Доволно е да распоредите неколку зелени перничиња додека е пролет и ќе го постигнете ефектот на доминација на зелена боја во просторот.

Тоа е најефтино решение и решение кое ќе ви заштеди најмногу време.

Сезонски бои

Во пролет, внимавајте да застапите повеќе зелени работи во вашиот дом. Во есен жолти или кафеави, во лето боја на песок, додека во зима можете да експериментирате со повеќе бои.

Снежна зима и белата боја ги изразува боите на предметите кои ги гледаме во надворешното опкружување. Затоа божиќните подароци се украсени со повеќе бои а зимските украси се пошарени.

Во зима преовладува црвена боја од причина што има интензивен и јак карактер, аналогно со ниските температури на зимата.

Од таа причина црвената боја е една од најзастапените бои на божиќните подароци, новогодишната елка и симболите на зимските празници.

Месечен Билтен
Добиватеј ги сите новости и промоции во вашиот емаил.

По зачленување проверете го вашиот емаил за потврда.